Новинарка починала од прекумерна работа
Новинарката Мива Садо, вработена за јапонската националната телевизија НХК (со седиште во Токио), починала од прекувремена работа, стои во официјалниот извештај на истражителите.
Новинарката месецот пред смртта имала само два слободни дена и дури 159 прекувремени часа. Немилиот настан се случил во јули 2013 година, кога и откажало срцето, но нејзините надредени досега го криеле тој случај, наводно поради почитувањето спрема нејзиното семејство.
Веста за смртта на Садо (30) претставува нов притисок врз властите да го решат проблемот со големиот број смртни случаи предизвикани од прекумерна работа.
Официјалните податоци на Владата на Јапонија покажуваат дека од март 2014. до март 2015 година повеќе од 2.000 луѓе извршиле самоубиство поради стрес на работа.
Ново на Сител
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури