Живот
1. October 2019 - 13:09

Новинарка на Би Би Си мистериознo почина на 27 години: Никој не знае што се случило, семејството во шок

Младата, популарна новинарка на Би Би Си Хана Јусуф почина ненадајно на 27-годишна возраст.

„Хана беше посветен професионалец и мост меѓу медиумите и заедницата, и посветено помагаше да се разбијат границите околу тоа, чиј глас се слушаше. Многумина Јана ја познаваа поради нејзиниот неверојатен придонес во новинарството и нејзината работа во Би Би Си. Додека жалиме за нејзината загуба се надеваме дека делото на Хана ќе послужи како инспирација и светло за нејзините колеги и за целата заедница“, пишува во соопштението од нејзиното семејство.

Тие додадоа дека Хана починала „ненадејно и неочекувано“.

Колегите и уредниците велат дека оваа млада новинарка сите ја обожавале Таа ги истражувала условите за работа во една популарна мрежа на кафетерии, по што во компанијата влегла внатрешна ревизија.
 

Во емисијата „Добро утро, Британијо“ гостуваше 2017 година со хиџаб на глава, со желба да истакне дека забраната на верски симболи на работа несразмерно ги погодува муслиманските жени.

Таа е родена во Сомалија, но во детството се преселила во Холандија, а потоа во Велика Британија. Зборувала шест јазици и била позната по исклучителната интелигенција.

Причината за нејзината смрт не е наведена.