Новинари во знак на бојкот напуштија собир за време на говор на премиерот Вучиќ

Новинари од српски здруженија ја напуштија синоќа салата каде се одржуваше регионален медиумски собир во момент кога почна да зборува српскиот премиер Александар Вучиќ, јавуваат српски медиуми.
Собирот го напуштиле новинари од Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), КРИК, од БИРН, Центарот за истражувачко новинарство од Црна Гора и Маглочистач од Суботица како и други новинари.
Директорот на ЦИНС, Бранко Чечен изјави дека се одлучил на таков потег бидејќи Вучиќ пропуштил можност да почне вистински дијалог со медиумите во Србија.
– За мене беше лично понижувачки да седам на таа конференција со човек кој покажа дека ни малку не му е грижа за слобода на медиумите, и да разговарам за слободата на медиумите. Упште помалку сакам да слушнам од него за квалитетот на медиумите и за квалитетот на новинарската работа во државата. Ниту е стручен за тоа, ниту после се што направи во тој поглед тој човек има право да зборува за тоа, наведе Чечен.
По обраќањето, Вучиќ одговараше на прашања само на странски новинари.
Претседателот на Независното друштво на новинари на Војводина Недим Сејдиновиќ го откажа учеството наведувајќи дека Вучиќ е „проверен непријател на медиумските слободи“, јавуваат српски медиуми.
Вучиќ беше министер за информации во време на владеењето на Слободан Милошевиќ. Во негово време во центарот на Белград беше убиен и познатиот српски новинар Славко Чурувија.
Ново на Сител
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
-

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
-

Финците повторно се најсреќна нација во светот
-

Вучиќ во видео порака на Инстаграм: Не успеавте лани да ме соборите од власт, јас не сум Слободан Милошевиќ
