Нови звучни сликовници во издание на „Просветно дело“
Десетина нови наслови за деца промовираше денеска издавачката куќа „Просветно дело“.
Станува збор за звучните сликовници „Малиот доктор“, Први зборови, „Јас зборувам англиски“, „Речник со моите 150 први англиски зборови“... кои им овозможуваат на децата да учат самостојно и низ игра и се во чекор со светските трендови за литература за деца.
- За нас како издавачи главен предизввик е да ги поместуваме границите на детската фантазија. Со нашите изданија почнувајќи од „Паметните таблети“, преку „Звучната азбука“ се до актуелните наслови оформивме едиција звучни изданија кои бележат рекордна продажба, изјави Татјана Димовска Атанасова менаџер за односи со јавност во „Просветно дело“.
Главниот уредник на оваа издавачка куќа Ксенија Трајчевска најави нови изданија за 2017 година и отворање нов продажен салон во центарот на Скопје (ул. Македонија спроти Спомен куќата на Мајка Тереза), кој рече, ќе биде со европски шмек.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани