Нови воздушни напади врз Алепо
Нови воздушни напади беа извршени во северниот сириски град Алепо во момент, кога американскиот државен секретар Џон Кери бара начини во Женева за ставање крај на насилството.
Над 250 цивили, меѓу кои околу 50 деца, се убиени од обновувањето на насилството во Алепо на 22 април, од кои повеќето загинале во воздушни напади на сириската авијација, во нарушувањето на прекинот на огнот, кој стапи во сила на 27 февруари на иницијатива на САД и Русија.
Режимот на претседателот Башар ал Асад ги контролира западните региони на Алепо, а бунтовниците источните делови на овој втор по големина град во Сирија, кој е поделен од 2012 година и е главно бојно поле во сириската војна.
По мирниот ден вчера во источните делови, воздушните напади се обновени по полноќ. Нападнати се повеќе квартови, меѓу кои и густо населениот Бустан ал Каср.
Засега нема информации за жртви.
Ново на Сител
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот