Нови униформи за вработените во ЈП „Водовод и канализација“

Околу 150 вработени во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, шалтерски работници и инкасатори добија нови униформи. Оваа инвестиција чини 3,8 милиони денари.
Вработените ќе добијат две зимски и две летни униформи, кои се состојат од палто, панталони и кошула во темно сина боја. На левата страна од палтото е лого на претпријатието, а вработените ќе носат и картичка која ќе ги содржи нивното име, презиме и логото на претпријатието.
Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Александар Атанасов информира дека целта на ова униформирање на нивните вработени произлегува од поплаките на граѓаните кои не можеле да ги препознаат инкасаторите или да ги најдат. Тој додаде дека имало и случаи каде инкасаторите се соочувале со одредени проблеми и не биле пуштани во домовите. Според него, вработените добија нови, квалитетни и удобни униформи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
