Нови туристичка брошура и филм за македонскиот туристички производ
Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризам ќе го промовира туристичкиот производ од Македонија со нова содржина и формат. Изготвени се брошура и краток туристички филм, како нови промотивни материјали за потребите на саемските настапи и презентациски активности за странските туристички пазари.
- Брошурата содржи автентични фотографии и текстови за туристичките центри во Македонија, со интересен дизајн за да го привлече вниманието на страствените патувачи подготвени да ги откријат туристичките богатства на Македонија. На 52 страници може да ги откриете најзначајните историски, археолошки и културни знаменитости, храна и вино, рурални туристички места, настани и манифестации и останати туристички атракции, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Туристичкиот филм, соопштуваат, е во времетраење од 16 минути, со примамлива приказна која го скокотка љубопитството на секој турист. Филмот ги прикажува најголемите туристички центри, планини, езера, реки, туристички атракции, историја, култура и археологија. Филмот содржи атрактивни кадри и снимки од воздух, збогатен со музиката на автентичниот македонски мелос преку ноти отсвирени на традиционални македонски инструменти.
Брошурата и туристичкиот филм се јазично адаптирана на десет јазици вклучително и македонскиот: англиски, германски, француски, турски, руски, српски, бугарски, полски и италијански.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“