-->
-->
Нови судири во Париз, полицијата уапси 27 лица
-->
Во центарот на Париз утрово избија нови судири меѓу полицијата и група млади демонстранти кои не сакале да се разотидат, соопшти полицијата.
Дваесет и седум лица биле уапсени, од кои 24 се задржани во притвор.
Околу 100 демонстранти фрлале бетонски делови од калдрмата врз полицијата и палеле возила.
Плоштадот на Републиката е место на ноќни собири на демонстрантите во рамки на движењето под име „Будни цела ноќ“ против реформите во законот за труд. Протестите траат веќе еден месец, но синоќа им било дозволено да останат само до полноќ.
Во текот на вчерашниот ден најмалку 24 полицајци се повредени за време на протестите, од кои тројца се здобиле со сериозни повреди во Париз, а ширум Франција биле уапсени 124 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот