Македонија
20. January 2016 - 10:51

Нови сообраќајни знаци во Битола

Во Битола се поставени нови сообраќајни знаци на најфрекфентните сообраќајници - булеварот „1-Мај“ и улицата „Васко Каранглески“. Станува збор за т.н. „интелигентни сообраќајни знаци“ кои посочуваат на дозволената брзина на управување со возилото и истовремено ја покажуваат брзината на движење на возилото.

- Новите „интелигентни сообраќајни знаци“ се поставени во непосредна близина на важни јавни објекти, кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Државното музичко училиште на булеварот „1-Мај“, како и кај ЈУ Дом за доенчиња и мали деца и основното училиште „Елпида Караманди“ на улицата „Васко Карангелески“, информираа од Секторот за односи со јавност на општина Битола. 

Поставувањето на новите сообраќајни знаци е во пресрет на утрешниот почеток на второто полугодие и на барање на родителите, и со обезбедена стручна поддршка со што новото сообраќајно решение ќе придонесе за поголема безбедност на пешаците и другите учесници во сообраќајот.