Нови сообраќајни острови и заштитна ограда на булеварот „Партизански одреди“

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ изградија сообраќајни острови по должината на булеварот „Партизански одреди“, на вкрстувањето на овој булевар со улицата „Аминта Трети“, кај Порта Буњаковец и на вкрстувањето на булеварот со улицата „Костурски херои“, спроти Конгресниот центар „Александар Македонски“.
Целта, како што соопшти Град Скопје, е да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.
При изградбата на сообраќајните острови целосно се реконструирани двете крстосници, поместени се семафорските темели и шахти, извршена е демонтажа на семафорските столбови и репрограмирање на светлосните сигнали. Обележана е хоризонталната сигнализација - пешачки премини и велосипедски патеки на двете локации и поставени се соодветни сообраќајни знаци.
Градските власти потсетуваат дека претходно на овие две локации постоеја по два пешачки премина на кратко растојание кои беа искосени, особено на вкрстувањето на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Костурски херои“. За да се зголеми безбедноста на пешаците, на двете локации сега е формиран по еден поширок пешачки премин.
Дополнително, на пешачкиот премин преку булеварот „Партизански одреди“ на вкрстувањето со улицата „Костурски херои“ е поставена ограда со двојна функција - да ги заштитува и да ги насочува пешаците да преминуваат во права линија на пешачкиот премин, зашто сообраќајните острови од двете страни на булеварот се асиметрични поради природната косина на улиците.
За реализација на овој проект Град Скопје има согласност и од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
