Нови снежни врнежи на Пониква, сообраќајот без поголеми проблеми
Нови снежни врнежи од изутрината ги прекрија падините на Пониква, со што дополнително се подобрени условите за посетителите да уживаат во зимската сезона.
Во моментот дебелината на снежната покривка е околу 20 сантиметри, а пристапот до рекреативниот центар е без проблеми.
Според информациите од подрачната единица на „Македонија пат“, нивни екипи интервенирале на расчистување на патниот правец, на делницата од Шумската куќа до паркингот пред одморалиштето на МВР.
– На одделни места на патот кон Пониква има остатоци од снег и мраз, но сообраќајот се одвива непречено. Механизацијата и вработените се дежурни на терен и ќе го следат развојот на временската состојба во текот на попладнето, со оглед на новите снежни врнежи, истакна Влатко Митев, раководител на подружницата на „Македонија пат“ – Кочани.
Од локалната самоуправа на Кочани апелираат до посетителите кои доаѓаат со сопствени возила, за паркирање да го користат просторот во месноста Аеродром, за да се избегне метежот на малиот паркинг пред одморалиштето на МВР.
Инаку, скијачките патеки се подготвени, а во функција се и двата ски-лифта, што пред почетокот на сезоната беа целосно реконструирани. За сместување на гостите на рапсолагање им се над 200 легла во неколкуте угостителски објекти, а со претходен договор со сопствениците може да се изнајмат и дел од приватните викенд куќи.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата