Нови сателитски снимки покажуваат разорни штети во Мариупол

На сателитски фотографии направени од приватна американска компанија се гледа големо разурнување на станбена и цивилна инфраструктура во југоисточниот украински град Мариупол, јави Би-Би-Си.
Компанијата Maxar Technologies соопшти дека пожари биле забележани во западниот дел на пристанишниот град и дека десетици високи станбени згради се сериозно оштетени од руските бомбардирања и гранатирања.
Претходно украинската армија соопшти дека руските сили зазеле предградие на Мариупол, кој е под опсада на руските сили повеќе од една недела, а во градот нема електрична енергија, гас и вода.
Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека рускиот генерал Андреј Колесников загинал во текот на борбите за Мариупол. Според украински тврдења тоа е трет руски генерал кој загинал во борбите. Смртта на Колесников не е потврдена од страна на руската армија.
Мариупол има стратешка позиција на брегот на Црното Море. Ако градот биде заземен, тогаш руските сили во Источна Украина ќе формираат копнен мост со московските трупи кои го нападнаа анектираниот полуостров Крим.
Ново на Сител
-

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
-

Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските
-

Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
