-->
-->
Нови руски ракетни напади врз Киев и Харков
-->

Русија изврши ракетни напади врз Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија денеска украинските власти.
- Експлозии во градот! Детали подоцна. Не ги напуштајте засолништата, напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Сергеј Попко, шефот на воената управа на регионот, објави дека системите за противвоздушна одбрана биле ангажирани во одбивањето на рускиот ракетен напад.
Попко изјави дека како резултат на нападот, неколку автомобили се запалиле во киевскиот кварт Свјатошин, западно од центарот на главниот град.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм објави дека Русија извршила напад и врз тој град.
- Повторно го гаѓаат Харков, веќе имаше неколку експлозии, рече Терехов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
