Нови рочишта за „Шпион“ и „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Насилство во општина Центар“.
Минатото рочиште за „Шпион" беше одложено поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите.
Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.
Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.
На денешното рочиште за „Насилство во општина Центар“ исказ треба да дадат двајца сведоци.
Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО