Нови протести во Тел Авив против корупцијата
Илјадници Израелци минатата ноќ излегоа на улиците во Тел Авив на протест против корупцијата и побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Според весникот „Аарец“, околу 10.000 луѓе учествувале на синоќешните протести во Тел Авив вчера, а само стотици се појавиле во Хаифа, додека на 3 декември 50.000.000 протестирачи се собраа на истата локација во Тел Авив.
Според израелските медиуми, демонстрантите сега се помалку, бидејќи популарноста на премиерот се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел.
Демонстрантите извикуваа „срам", „мафија" и „Биби, оди си“. Протестот беше претставен како непартиски, а дел од учесниците носеа маички со зборовите „Ниту десно ниту лево". Тие извикуваа слогани против Нетанјаху, кој беше испрашуван во рамките на две истраги за корупција и против главниот обвинител Авишаи Манделбилт, обвинет за прикривање на премиерот.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи