Нови протести на француските полицајци

Француските полицајци синоќа, четврта ноќ по ред, излегоа на протести низ улиците на Париз, Лион и многу други градови низ земјата, за да го изразат својот гнев и незадовослтво, јави дописникот на МИА од главниот град на Франција.
Во Париз се собраа повеќе од 500 полицајци на плоштадот „Трокадеро“, од каде се упатија на протестен марш по Шанзелизе.
Полицајците на овај начин продолжија да го изразуваат своето незадоволство, десет дена по нападот со молотови коктели врз четворица нивни колеги во Есон, при што едниот од нив е тешко повреден и се бори за живот.
Протестната поворката беше уште поголема во Лион, каде на улиците се собраа околу 800 полицајци. Околу 400 полицајци протестира во Мелун, 120 во Еври, по сто во Бонуњи, Тулуз, Каркасон и Бордо и по околу 50 во Монпеље и Тарб. Во Марсеј, речиси 200 полицајци се собраа во 23 часот на старото пристаниште, по што се упатија кон зградата на Судот.
Полицајците незадовлни од работните услови и зголемените ангажмани по нападите ви Франција, наместо легалниот пат преку синдикалната борба, се решија на улични протести и ноќни маршеви,
Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека во текот на денот ќе се сретне со претставници на синидкатите на полицијата. - Важно е да им понудиме перспектива и итен одговор, така што полицајците ќе знаат дека Владата и претседателот се во процес на дијалог, изјави Франсоа Оланд по првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел.
Според некои анкети на јавото ислење, се поголем број полициајци на избори гласаат за екстремно десничарскиот Национален фронт, кој, според некои извори, и стои зад овие полициски протести.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
