Македонија
19. December 2024 - 16:37

Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ

Седуммесечното бебе кое пред неколку денови почина на Клиниката за детски болести, не било хоспитализирано како итен случај а родителите не добиле писмено известување за тоа, констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонредниот надзор. 

Инспекторите на увид ја имале документацијата дека и покрај високата температура и црвенилото, бебето било пратено дома со родителите и со терапија отоако претходно било препраќано и на Дерматологија и  Инфективна. Два дена подоцна направиле болнички прием, но веќе било во многу тешка состојба. 

Ќе биде издадено решение со наредба за почитување на одредбите од член 226 од Законот за здравствената заштита за прием на пациенти прегледани како итни случаи. Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување, вели Кирил Лазов, диртектор на ДСЗИ

За ова непочитување на законот ДСЗИ подготвува нова казна и за клиниката и за директорот, откакао и претходно беа казнети со 5 000 евра за друг случај. Со вчерашниот надзор утврдиле дека и понатаму не е решен проблемот со дежурање на специјализанти и задолжително присуство на специјалист како и креирањето на медицинската документација.

Веќе е формирана Комисија која ќе прави стручен надзор за случајот со седуммесечното бебе чиј татко реагираше зошто не го хоспитализирале на време а не цела недела да одат по лекари.  

Ова е четврти смртен случај на Детска во последните три месеци за кој има вонреден и стручен надзор.