Нови промени со времето - Какво време не очекува утре и во наредните денови

ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните и источните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Т-мин. од 4 до 11 а т-макс. 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата во интервал од 6 до 15 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Позначителна промена на времето започна денес попладне, а ќе трае и преку ноќта, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север проследен со повремено поројни врнежи од дожд особено во северезаоадните и источните делови од земјава. На повисоките планини особено на северозапд ќе има и појава на повремен снег. Утре ќе има и ретка појава на грмежи претежно на југозапад на земјта. Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта и во текот на утрешниот ден и тој утре ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на темпераатурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини претежно во северните делови.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
