Нови претпријатија најмногу се создаваат во секторот трговија
Трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли се најпривлечни сектори во кои се отвораат нови петпријатија. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека од новосоздадените 6.321 претпријатие 30,2 отсто се во овој сектор.
Привлечни сектори во кои се отворале претпријатија била и преработувачката индустрија со 10,7 отсто, стручни, научни и технички дејности со 10,6 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 10,3 отсто.
Најголем дел од новосоздадените претпријатија, односно 72,3 отсто се регистрирани како Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва
Бројот на новосоздадени претпријатија во 2017 година претставуваат 9,2 отсто од вкупно активните претпријатија во земјата.
Статитичките податоци покажуваат дека во 2017 година има намалување на бројот на новосоздадени претпријатија.
Во 2017 година згаснале 8,5 отсто од вкупниот број активни претпријатија, односно 5.796. И кај згаснатите најголем дел 36,8 отсто се во секторот трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата