Нови правила за одобрување возила
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.
Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември.
Промените во постапките за одобрување на возила се: одобрување тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку, единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во државава и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија, возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во државава немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба, импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип, а за останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во дрќавава или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.
Според грубата пресметка, 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.
Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка, цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник, а потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40 до 50 евра.
МИА
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија