Македонија
27. December 2019 - 19:36

Нови правила за извршителите

Со измени во два закани власта предлага бришење на каматите на долговите кои граѓаните ги имаат кон јавните и државни претријатија и кој се дадедни на извршување до крајот на 2017 година.  А самиот долг да можат  да го враќаат на рати.  Сепак со овие измени не се опфаќаат долговите на граѓаните за кредити, телефон и струја. Премиерот Заев упати апел и  до приватните  фирми да го следат  овој пример.

Со измените иземени од извршување ќе бидат сите граѓани со минимален загаратиран приход, а на оние кој имаат  прмања пониски од просечната плата и пензија да им се извршуваат само една петина од приходот.

Се планираат и измени во тарифникот за извршителите  нешто на што тие вчера реагираа со еднодневен прекин на работата и затворање на канцелариите. Минисетерката  Дескоска посочи дека  сеуште траат преговорите околу ова прашање со комората, но смета дека треба да има намалување во одреднеи делови.

Освен за граѓаните се предлага  и бришење на каматите на  долговите кои ги имаат  локални и јавните претпријатија  кон државните институции, а долгот да се враќа исто така на рати.

Законските измени се доставени до собраниеот се очекува пратениците иститев  да ги изгласаат.