Нови правила на САД: За виза потребни детали за социјалните мрежи

Стејт департментот ќе бара од речиси сите кандидати за добивање американска виза да пријават и корисничко име на социјалните мрежи, стари е-маил адреси и телефонски броеви.
Новите правила се однесуваат за речиси сите подносители за добивање имигрантски и неимигрантски визи.
– Националната безбедност е наш приоритет кога решаваме за визните барања, а секој потенцијален странец и имигрант во САД поминува низ детална безбедносна проверка, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во соопштението се додава дека постојано се работи на наоѓање механизми за подобрување на процесот на проверка со цел да се заштитат американските граѓани.
Претходно тие податоци се бараа за лицата за кои е утврдено дека треба да поминат дополнителна проверка, како што се лица кои патувале во области под контрола на терористички организации.
Според новите правила, од апликантите за виза се бара да ги обезбедат сите налози што ги имале на социјалните мрежи во текот на изминатите пет години, е-маил адреси и телефонски броеви, статус за патувања во странство и депортација, како и да наведат дали и кој од членовите на нивното семејство учествувал во некои терористички активности.
Од овие барања единствено се изземени подносителите за одредени видови дипломатски и службени визи.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
