Нови правила на „Евровизија“
Годинешната „Евровизија“, според многумина, е најконтроверзниот натпревар последниве години. А, Европската радиодифузна унија - ЕБУ се соочи со критики од уметниците и националните радиодифузери, меѓу другото, и за небезбедни работни услови и недостаток на приватност за уметниците.
Поттикната од тоа, ЕБУ за „Евровизија 2025“ реши да воведе и „продуцент на добросостојба“ кој ќе се грижи за уметниците и персоналот... Како дел од новите правила на однесување и протоколарни должности и заради поголема одговорност за сите вклучени во настанот.
„Протоколот е насочен на обезбедување безбедност, благосостојба и успех на сите уметници-учесници. Тоа ја нагласува заедничката одговорност на ЕБУ, домаќинот и радиодифузерите коишто учествуваат во заштитата на уметниците од непотребна физичка или емоционална вознемиреност. Протоколот дава насоки за шефовите на делегации за ефективна поддршка на уметниците, минимизирање на опасностите и поттикнување позитивно искуство во текот на нивното учество на Изборот за песна на Евровизија“, соопшти ЕБУ.
Новите правила, меѓу другото, пропишуваат: зони за неснимање на битниот простор на уметниците, со цел на учесниците да им се обезбеди приватност и подготовка за нивните изведби, повеќе проби зад затворени врати за да им се помогне на уметниците да се сосредоточат на нивните изведби без одвлекување на вниманието, оптимизирани распореди на проби заради сигурност дека уметниците имаат многу време за одмор и уживање во градот-домаќин, воведување продуцент за добросостојба, кој би бил клучна точка за контакт за уметниците и персоналот за средина каде што ќе владее безбедност, почит и поддршка.
Овие промени се осмислени и како гаранција дека уметниците ќе бидат самоуверени на сцената пред медиумите и публиката.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид