Нови пожари во Албанија и Грција

Нови пожари избувнаа во последново деноноќие во повеќе делови на Албанија, како и на грчкиот остров Тасос.
Како што јави дописникот на МИА, само во последниве 24 часа во Албанија се регистрирани седум нови шумски пожари, во кои се уништени десеттици хектари борова и ниско стеблеста шума.
Во гаснењето на пожарите учествуваат 84 пожарникари, 17 противпожарни возила, 90 војници и голем број волонтери, потпомогнати од хеликоптери.
Во борбата со огнената стихија учествуваат и два грчки авиона, кои пристигнаа пред неколку дена по барање на албанските власти.
Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати упати голема благодарност до неговиот грчки колега за помошта. - Помошта на соседна Грција во овој тежок миг е од клучно значење, посочи Бушати.
Во исто време, активни се уште десеттина пожари во недостапни планински предели во разни делови на Албанија.
Според електронското издание на весникот „Прото Тема“ на грчкиот остров Тасос беснее голем пожар, кој уништил голема шумска површина. Пожарот избувнал во реонот на местото Лименарија.
Во гаснењето на огнот учествуваат 22 пожарникари со 10 противпожарни возила и 20-тина доброволци, а во текот на денов се очекува нив де им се придружат и два авиони „канадери“.
Грчките власти предупредија на висок ризик од пожари во земјата во текот на целава недела, кога температурите се очекува да надминат 40 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
