Нови педесет припадници на Мировниот корпус во Македонија
Група од педесет припадници на американскиот Мировен корпус денеска допатува во Македонија. Следните две години тие ќе ги поминат волонтирајќи во училишта и во организации низ земјава.
За време на нивниот престој во Македонија, како што соопшти Мировниот корпус, американските волонтери ќе работат како наставници по англиски јазик, дефектолози, како и во областа на развојот на заедниците, во партнерство со основни и средни училишта, владини институции и општини и невладини организации.
Ова е 22 група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села во Македонија. Тие ќе ги поминат првите три месеци во обука, којашто ќе вклучува изучување на македонскиот и/или албанскиот јазик и култура. Својата служба во Македонија ќе ја започнат на почетокот на декември.
Волонтерите беа пречекани на Скопскиот аеродром од директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин.
- Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировен корпус Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите се повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес што постои кај Американците да служат во Македонија, изјави Ханафин.
Од 1996 година наваму во Македонија служеле повеќе од 700 американски државјани.
Мировниот Корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерсто со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?