Балкан
16. January 2016 - 9:06

Нови отпуштања во грчкиот парламент за лажни дипломи

Претседателот на грчкиот парламент отпушти седуммина вработени, бидејќи при вработувањето поднеле лажни акадамески дипломи.

Одлуката за врачување откази ја потпишал претседателот на парламентот Никос Вуцис, пренесува Танјуг.

Меѓу обвинетите се советникот на поранешниот премиер Костас Симитис и поранешен секретар на еден од пратениците.

Минатиот ноември грчкиот парламент отпушти 16 вработени поради фалсификување на академските дипломи.