Нови одлуки од Владата за производи со замрзната цена
Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.
-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите.
Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.
Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера со Бектеши и со директорт на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на маркет во Скопје оцени дека владините одлуки за цените се почитуваат.
Како што информираше Трајковски, инспекторите на ДПИ констататирале непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите. Имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.
ДПИ, посочи, работи со полн капацитет. Претходните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во висина од 750 000 денари.
Одлуките на Владата за замрзнувањето на цените вчера ги коментираа и од Сојузот на стопански комори, чиј претседател Трајан Ангелоски посочи дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци, како и дека ССК преферира слободен пазар.
- Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече Ангелоски.
Од Стопанската комора на Северна Македонија и од Комората на северозападна Македонија, претходно порачаа да се престане со одлуките за замрзнување на цените и да се пристапи кон други мерки за помош на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва