Фудбал
13. July 2017 - 9:21

Нови настапи на Работничи и Шкеднија во Лига Европа

Македонските претставници во Лига Европа, Работнички и Шкендија денеска ќе ги одиграат првите средби од второто квалификациско коло за место во Лигата на Европа. 

 
Двете екипи ќе ја имаат улогата на домаќини. 
 
„Романтичарите“ својот меч против силниот белоруски тим Динамо Минск ќе го играат на теренот „Петар Милошески“ крај ФФМ со почеток од 18 часот. 
 
Во истиот термин на стадионот „Младост“ во Струмица, фудбалерите на Шкендија ќе го започнат дуелот против ХЈК, Хелсинки од Финска.