Нови мерки за поевтино овошје и зеленчук, од утре гарантирана цена и за пијалоците
Од утре поевтинуваат овошјето, зеленчукот, алкохолните и безалкохолни пијалоци. Владата донесе одлука да се намали маржата на овошјето и зеленчукот, со што се очекува дополнително намалување до 30 %. За 10% поевтино ќе се продаваат и сите газирани и негазирани пијалоци,со исклучок на енергетските. Пад на цените ќе следи и со намалување на некои увозни давачки. Сите трговци се должни на полиците да ги означат намалените производи со гарантирана цена, вели премиерот Ковачевски
- Највисоката маржа за трговците на големо ја ограничуваме до 10%, а во трговијата на мало од 15%, Дополнително намалување на цената кај одредени производи се очекува со намалување на увозната маржа кај оризот, цитрусните овошја, како лимони, портокали, мандарини и кај млечните производи со масленост над 10%, вели премиерот.
Премиерот смета дека трговците имаат време до утре да ги намалат цените, како што ги качуваа преку ноќ. Не се согласува со изјавата од Стопанската Комора кои бараа маркетите што не ја почитувале одлуката да не се казнуваат и затвораат , туку да им се даде дополнително време да се прилагодат.
- Вие знаете дека тие преку ниќ можеа да ги качат цените. Сега може и преку ноќ да ги намалат, затоа што сите имаат софттверска можноста која тоа го нуди, додава Ковачевски
Гарантираните цени ќе се применуваат до 30 ти ноември. Со оваа мерка владата очекува да се подобри стандардот кај ѓраѓаните , а инфлацијата двојно да се намали до крајот на годината
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар