Нови мерки на Гугл во борбата против лажните вести
Технолошкиот гигант Гугл поведе нова иницијатива (Google News Initiative) за борба со лажните вести и помош за медиумите да заработат, јави Си-ен-би-си.
Се работи за програма за новинари, којашто ќе им помага на медиумите да се борат со распространувањето лажни вести, преку нов модел на наплаќање, наречен „Претплати се на Гугл", како и пострги стручни проверки на информациите и дезинформациите.
За таа цел ќе се отвори лабораторија во Харвард, и ќе се користи посебен систем на вештачка интелигенција.
Компанијата за таа намена ќе потроши 300 милиони долари следните три години, но не појаснува како средствата ќе бидат распределени.
Новиот начин на претплата ќе го олесни начинот на плаќање на информацииите на медиумите коишто се согласиле на партнерство со Гугл, меѓу кои засега се споменуваат FT.com, „Вашингтон Пост“, „Мајами Хералд“ и 15-на други гласила.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ