Нови мерки на границите на Унгарија поради Ковид-19
Во Унгарија на полноќ стапија во сила построгите гранични мерки поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во други земји.
Земјите се поделени на „црвена“, „жолта“ и „зелена“ листа – според моменталната епидемиолошка состојба, при што земјите со најмал број заразени се на зелениот список, додека државите со најголем ризик се на црвената листа.
На патниците од земјите на црвената листа им е целосно забрането влегување во Унгарија.
На жолтата листа се Србија, Бугарија, Португалија, Романија, Русија, Шведска и Велика Британија.
Во црвената листа, од земјите во регионот се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.
Унгарија соопшти дека континуирано ќе ја следи состојбата во другите земји и соодветно ќе го менува статусот на списоците.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено