Нови мега мерки во интерес на младите, стипендии, спортски терени
Подобра иднина за младите, и натаму фокус на владејачката партија ВМРО ДПМНе .Лидерот Никола Груевски најави сет мерки, мега проекти кои ќе го подобрат и олеснат животот на младите.
Следната година ќе почнат да се градат 150 маалски игралишта за баскет. Агенцијата за млади и спорт годинава ќе ги изготви проектите, а игралишта ќе има речиси во секое населено место. Проектот ќе финишира за 4 години.
Претседатлот на ВМРО ДПМНЕ најави и магистарски и докторки стипендии за студенти кои доаѓаат од семејства со помали приходи. Основен услов за добивање на стипендијата е просек од 8, 5 а предност ќе имаат студентите од социјано ранливите категории како и оние кои студирале на медицинските и техничките насоки.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека во изминатото многу малку се вложувало за младината. Тие како владејачка патија за 10 години успејале да ја сменат образовната слика, спортската, културната и сликата во социјслната сфера. Изградени се 72 комплетно нови училишта, а 8 ќе се градат годинава.
350 се комплетно реновирани а 60 се во фаза на реконструкција. ИЗградени се 84 спотрски сали и уште толку тениски игралишта, пуштени во употреба се и 56 повеќе наменски игралишта.
Намалена е студенстската партиципација, зголемени се стипендиите. Груевски потсети и на бесплатните учебници, преводите на книги како и отворање на 80 лаборатории.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар