Нови контејнери и чисти депонии во демирхисарското село Загориче
Општинската администрација на Општина Демир Хисар, локалните јавни претпријатија и институции изведоа масовна еко-акција во градот и населените места.
Акцијата се одвиваше плански, се чистеа депонии во селата Загориче и Утово, а во Загориче поставивме и нови контејнери. Во целост ја спроведовме владината препорака за одржување на еколошка акција која освен за почиста средина придонесе и за подигнување на јавната свест за чиста средина. На подрачјето на Општина Демир Хисар редовно се чисти, а денеска посебен акцент ставивме на населените места Загориче и Утово. Со овој тип на акции воедно сакаме да ги обесхрабриме несовесните граѓани кои фрлаат отпад на несоодветни места, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски.
Логистичка поддршка со механизација, во еко акцијата во Демир Хисар овозможи локалното комунално претпријатие.
Ново на Сител
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола