Нови изданија на романите „Резервен живот“ и „НО-УИ“ на Лидија Димковска
„Или-Или“ објави второ издание на романот „НО-УИ“ и четврто издание на романот „Резервен живот“ на наградуваната авторка Лидија Димковска.
„Резервен живот“ ги доби Европската награда за литература и „Стале Попов“ на ДПМ. Досега е објавен на англиски, словенечки, српски, хрватски, унгарски, бугарски, чешки и италијански, а оваа година ќе излезе и на арапски, украински и летонски. Во октомври 2016 година беше претставен на промоции и читања на книжевна турнеја во десет американски градови и беше номиниран за наградата „Најдобра книга во превод 2017“.
„НО-УИ“ во моментов се преведува на неколку европски јазици, а на Саемот на книгата во Лајпциг годинава, на покана на „Традуки“, романот беше претставен со извадок на германски јазик и разговор со авторката.
Лидија Димковска (1971, Скопје) завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски студии по романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, каде што работела како лектор по македонски јазик и книжевност. Живее во Љубљана, преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица