Нови инциденти на грчко – турската граница кај Еврос

Повторно рано утрово имаше инциденти на грчко – турската граница кај Еврос, кога од страна на Турција, според грчките медиуми, бил фрлен солзавец на грчка страна, а мигранти се обиделе нелегално да влезат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Инциденти имаше и во текот на вчерашниот ден што трае до доцна во ноќта, кога, според грчката телевизија „Скај“, околу 600 лица фрлиле солзавци од турска на грчка страна и се обиделе да ја пробијат железната ограда за да влезат во Грција.
Грчките медиуми објавија дека мигрантите по должината на оградата, на турска територија запалиле оган на неколку различни места.
Тензиите кај Еврос, на границата меѓу Грција и Турција, траат веќе една седмица, а од минатата сабота, биле спречени над 38.000 обиди за нелегален влез на грчка територија и уапсени над 250 лица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
