Нови детали за грозоморното злосторството: Детето го давел на гробишта, па со пена на уста го треснал пред мајката
Меѓутоа, детето сепак не умрело од гушење. Во полусвесна состојба, но со знаци на живот, детето е донесена пред Центарот за социјална рабпта во Раковица, каде починало откако полудениот татко го треснал од земја пред очите на мајката. На детето тогаш му пукнал черепот и карличната коска од што и починал.
Да потсетиме, Николиќ вчера пред Центарот за социјална работа во Раковица ја уби Маја Ѓорѓевиќ (38) и нивниот син Михајло (4).
Николиќ во центарот дошол на Маја да и го врати сонот, кој имал право да го гледа секоја среда на 7,5 часа.

Според сознанијата на роднините на Маја, детето Николиќ го донел во полусвесна состојба, со пена на устата, поради што се посомневале дека можеби му дал нешто отровно да испие, а тоа сепак ќе го покаже обдукцијата.

-Имаме информации дека го донел детето на раце и го фрлил. На детето му излегувал бела пена од устата. Присутните работници веднаш го прашале што му дал да испие, и тогаш тој почнал со агресијата, раскажува кумата на Маја.
Николиќ прво го задавил детето, а потоа со нож ја избодел Маја, која се обидела да побегне ама ја стигнал. Според наводите на Блиц, тој жената ја избодел 50 пати.
Ново на Сител
-
Претседателот на Киргистан го поддржа повторното воведување смртна казна во земјата
-
„Диџеј Aхмет“ од денеска во македонските киносали!
-
Гњатов: Завршена е транзицијата на украинските вооружени сили во структура на корпус
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-
Девет лица загинаа во Одеса откако обилните дождови предизвикаа поплави
-
23-годишен Тетовец со „бмв“ на германски таблички возел 221 на место каде дозволено е 100
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога