-->
-->
Нови детали за браќата терористи
-->

Браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи се двајцата бомбаши-самоубици што вчера наутро се саморазнесоа со експлозив при терористичките напади во Брисел, но не се двајцата на Националниот аеродром Завентем во Брисел во кој 15 лица го загубија животот, а 100 се повредени, јави националната франкофонска телевизија „РТБФ“.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Ибрахим Ел Бакрауи е еден од двајцата камикази што се саморазнесоа на аеродромот, додека третиот се откажал од намерата и побегнал и по него се уште се трага, додека Калид Ел Бакрауи е бомбашот-самоубиец што однесе дузина животи во метрото крај метро-станицата Малбек.
Според ТВ-станицата „РТБФ“, браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи и биле од претходно познати на полицијата за организиран криминал, но досега тие не биле обвинети или осомничени за акт на тероризам.
Според истрагата, еден од браќата, Калид, под лажен идентитет изнајмил стан на улицата „Ру де Дри“ во населбата Форест во Брисел каде минатата недела беше уапсен еден од најбараните светски терористи, Салах Абдеслам, кој директно учествуваше во терористичките нашади што во неомври минатата година се случија во Париз, Франција. Наводно, истрагата покажала дека браќата Ел Бакрауи се дел од групата околу Абдеслам која успеа да им избега на безбедносните органи при престрелките и апсењата во Форест.
Исто така, браќата Ел Бакрауи се поврзани и со терористичките напади што во ноември минатата година се случија во Париз каде 137 лица го загубија животот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти