Нови четири жртви од коронавирусот во Грција, вкупно 26 починати и 892 позитивни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција уште четири лица починаа од новиот коронавирус, со што во земјата, регистрирани се 26 смртни случаи и вкупно 892 лица заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставникот за коронавируст од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција соопшти дека во земјата е регистриран 71 нов случај, 54 граѓани се приклучени на апарати, додека пак 42 се пуштени од болница.
Од починатите 26 лица, со исклучок на еден, сите имале здравствени проблеми.
Професорот истакна дека вирусот може да биде сериозен и кај помлади, споменувајќи го вчерашниот случај со смртта на 42-годишен професор од Германија кој престојувал на островот Крит.
Циодрас рече дека кај професорот од Германија се појавила белодробна емболија, „компликација која неодамна беше поврзана со инфекција од новиот вирус“, но и додаде дека станува збор за случај кој ретко се појавува.
Во однос на мерките од владата, Циодрас рече дека во овој момент, прекинувањето би било катастрофално и би се проширил вирусот, но и коментираше дека текот на Грција не е како оној на Италија.
-Текот на епидемијата на вирусот во земјата ќе биде во зависност од мерките и нивното почитување. За сега нема знаци на драстично зголемување. Во никој случај опасноста не е надмината. Уште сме во битката, да не речам на почетокот на битката, рече Циодрас.
Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, на денешната прес конференција рече дека 5824 граѓани кои се или контакти на потврдени случаи или пристигнале од странство се во домашен карантин, а од нив 825 веќе ја завршиле седум или 14-дневната изолација.
Од спроведените 1116 контроли на лицата што треба да се во домашна изолација, 92 биле вон нивните домови и им била изречена казна од 5000 евра.
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
-

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјава
-

Иран го разгледува американскиот предлог додека Трамп вели дека војната ќе заврши „брзо“
-

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе
-

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епстин
-

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
