Нови цени на горивата во Македонија
Ново, благо покачување на цената на горивата можеме да очекуваме со новата корекција на Регулаторната комисија за енергетика, закажана за во понеделник.
Според последните ценовни движења, барел сурова нафта на берзата во Лондон се продава за над 58,3 долари за еден барел, што е над просекот од последната корекција на малопродажните цени, извршена од регулаторот.
Пред една недела, просечната цена на нафтата била околу 56 долари за барел, што беше намалување во однос на претходниот период, па Регулаторна за половина денар ги намали цените на дизелот и 95 октанскиот ЕУРОСУПЕР, додека 98 октанскиот остана по стара цена, а мазутот поскапи.
Ако продолжи трендот на зголемување на цената на светските берзи, за очекување е идниот понеделник малопродажните цени да се зголемат за околу 1 денар по литар.
Инаку, со последната одлука на РКЕ донесена пред две недели, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 0,50 денари по литар, со што цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 39,50 денари за литар.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 остана 65,00 денари за литар.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути