Нови автобуски стојалишта за градскиот сообраќај во Битола
Вкупно 68 нови автобуски стојалишта ќе бидат поставени во урбаните средини на општина Битола од кои 47 единечни, седум единечни со киоск, 11 двојни и три двојни со киоск, како и уште 50 репарирани во 43 села.
Поставувањето почна денеска со првите новодизајнираните автобуски стојалишта од двете страни на улицата „Филип Втори Македонски“ во градот.
За новите стојалишта се издвоени околу 9,5 милиони денари и тие ќе бидат поставени во период од шест месеци.
- Со одлука на Советот на општина Битола, во трите зони во кои има автобуски стојалишта, воведен е режим и сите превозници ќе мора да плаќаат надоместок. Но исто така со таа одлука овозможивме, превозниците што ќе се согласат да инвестираат во автобуските стојалишта, во период од пет години, додека трае договорот, тие ќе бидат ослободени од обврската да плаќаат финансиски надоместок на општината, изјави градоначалникот Владимир Талески, промовирајќи ги автобуските стојалишта.
Според востановената традиција, денеска по 24-ти пат, а по повод Денот на независноста, пред Споменикот на антифашистичката војна што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, претставници на локалната самоуправа, политичките партии и граѓанскиот сектор положија букети свежо цвеќе.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи