Нови апсења на Косово поради тероризам
На Косово денеска се уапсени уште две лица, кои се осомничени за тероризам, а ова е продолжување на полициската акција во која минатата недела беа приведени седум лица осомничени дека планирале напади на Косово и во други делови на Балканот.
Антитерористичката единица на косовската полиција изврши операции на три различни локации во Качаник, Витина и Митровица, при што уапси две лица, поради сомнеж дека „дејствувале против безбедноста и уставниот поредок на Косово“, а по налог од обвинител им бил одреден притвор од 48 часа.
Косовскиот јавен обвинител изјави дека седуммината осомничени припадници на Исламска држава, кои се приведени минатата недела на Косово, планирале напади на Балканот и добивале инструкции од екстремисти во Сирија. Седуммината осомничени имале контакти во соседните држави, Македонија и Албанија, додека останатите осомничени од истата група и понатаму се на слобода.
Ново на Сител
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји
-
Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче
-
Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни