Loading Video...
Македонија
1. February 2022 - 21:18

Нови антиковид правила за влез во повеќе земји - новата Комисија во земјава засега не ги менува правилата

Слободен влез во Германија само со примена трета доза. Од денеска за оваа земја важат нови правила. Ковид сертификатот за примени две дози ќе важи само 9 наместо акко досега 12 месеци. 

Македонското МНР информира дека вакво правило од денеска важи и за влез во Шпанија и повеќе други европски земји согласно препораките кои Европската комисија ги усвои во декември. Освен со вакцина, во овие земји ќе можат да влезат и прележани пред најмногу 6 месеци. За влез во ЕУ останува правилото за тестирање, ПЦР тестот ваќи 72, брзиот тест 24 часа. 

За разлика од некои од змејите кои ги заоструваат правилата, во Данска од денеска речиси и да нема рестрикции и покрај големиот број новозаразени. Данците веќе нема да носат маски, ниту ќе покажуваат ковид сертификати. На сила остануваат само одредени ограничувања за влез во земјата. Слични одлуки за укинување на мерките минатата недела донесоа Велика Британија, Ирска и Холандија. Како причина за укинување на мерките се наведува тоа што заради полесната клиничка слика што ја дав аомикрон, болничките капацитети не се оптоварени.

Во земјава засега нема нови правила, но Комисијата за заразни болести има нов претседател. Тој вели дека нема да носат одлуки според тоа како е во другите земји, туку врз база на научни сознанија.

Од денеска Комисијата е дополнета со инфектолози, клиничари, пулмолози, лица од примарната заштита, меѓу нив е и доктор Нико Беќаровски кој досега секојдневно преку социјалните мрежи беше активен со свои предзоли за справување со пандемијата.