Нови 833 смртни случаи за 24 часа од Ковид-19 во Франција
Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани 833 смртни случаи, со што бројот на починатите од Ковид-19 достигна 8.911 од почетокот на епидемијатам.
Информациите ги даде министерот за здравство, Оливие Веран, кој прецизира дека во Франција вечерва има 29.752 хоспитализирани лица (+831 пациенти за 24 часа), од кои 7.072 се во сериозна состојба на интензивна нега (+478 повеќе од вчера).
Меѓу добрите вести е таа дека 17.250 лица ја напуштиле болницата излекувани, што од вчера претставува зголемување од речиси 1.000 пациенти. Но, сепак, во болниците постои сериозна напнатост.
Франција има 6.494 смртни случаи во болница (+605 за 24 часа) и 2.417 во старечки домови. Или вкупно 8.911 смртни случаи од 1 март. Покрај тоа, во 3.865 старски домови има регистрирано барем еден случај со Ковид-19.
Министерот за здравство предупреди дека епидемијата се уште е во нагорна линија и дека мерките на ограничено движење треба да продолжат и понатаму.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп