-->
-->
Нови 7 случаи на коронавирус во Грција, дополнителни мерки на грчката Влада
-->
На четири седмици се одложуваат сите конференциски настани во Грција и се затвораат центрите за заштита на стари лица, во следните две седмици спортските натпревари ќе се одржуваат без публика и на исто толку време се откажуваат сите екскурзии за учениците, се новите мерки на грчката влада, кои утре стапуваат во сила, а ги соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција задолжен за новиот коронавирус, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.
Во исто време, потврди дека има седум нови случаи на коронавирусот, со што бројката на лица заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 73.
Од новите седум случаи, шест се поврзани со претходно потврдени случаи, а за еден од заразените во тек е проверка на контактите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце