Нови 60 паркинг места за велосипеди во Карпош

Во организација на Општина Карпош и Центарот за климатски промени, денеска во општината се одржа „вело дружба” на која учествуваа жители на Карпош со своите велосипеди како и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот, Андреј Манолев и дел од советниците.
Во рамки на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Карпош”, денеска беа промовирани и 60 нови паркинг места за велосипеди, поставени на четири фреквентни локации: пред Драмски театар, комплекс факултети, ТЦ Лептокарија и плоштадот Делфина во Влае избрани од граѓаните преку претходно спроведената анкета.
Градоначалникот Богоев се осврна на мерката за субвенционирање на велосипеди која предизвика голем интерес кај карпошани, но и за целокупното подобрување на вело инфраструктурата во Карпош.
- Оваа мерка сама по себе не е доволна за зголемување на користењето велосипед како превозно средство и затоа, како локална самоуправа, се посветивме кон обезбедување на посигурни вело патеки и паркинзи на територија на Карпош, рече Богоев.
За време на настанот, претставници од Агенцијата за млади и спорт делеа промотивни материјали и корисни реквизити во пресрет на Европската недела на спортот која ќе се одржи во месец септември, а Општина Карпош е меѓу 15-те општини во кои ќе се реализираат голем број спортски активности од натпреварувачки и рекреативен карактер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
