Нови 50 решенија за легализација во општина Кисела Вода

Доделени се нови 50 решенија за легализација на дивоградби во општина Кисела Вода. Со тоа правен статус добија вкупно 4.880 објекти или една третина од пристигнатите 13.850 барања за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат во моментов е 4.013. Изготвени се уште 250 урбанистички согласности, од кои за 197 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ ги потсети граѓаните кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
- Крајниот рок за комплетирање на документацијата за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање е до 31 декември годинава, рече Беличанец-Алексиќ.
Ново на Сител
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
