Нови 3.000 унгарски полицајци ќе бидат распоредени на границата со Србија

Унгарските власти имаат намера да испратат дополнителни три илјади полицајци на границата со Србија за да ги засилат контролите над мигрантите, најави советник на унгарскиот премиер.
– Бранот бегалци од држави од Африка и Азија во Унгарија останува ислучително висок, изјави Даорд Баконди советник за прашања за безбедност во Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
- Секој ден во државата се обидуваат да влезат нелегално околу 100 луѓе, но полицијата успева да ги задржи. Сепак мерките ќе бидат засилени, додаде Баконди.
Од 5 јули Унгарија воведе засилени мерки за безбедност по границите со Србија и со Хрватска. Предвидена е 8-километриска бафер-зона по границата на територија на која мигрнтите ќе бидат запрени и враќани во транзитни пунктови каде може да поднесат молби за бегалски статус.
Ново на Сител
-

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
-

Предвремени претседателски избори во Република Српска
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
