Нови 13 починати, 225 заболени и 201 излекуван од Ковид-19 во Косово
Во Косово во изминатите 24 часа, според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравство (ИШКПК), починале 13 лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата се искачи на 269, јави дописникот на МИА од Приштина.
Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.
Во соопштението на ИШКПК се наведува и дека, од вчера извршените 477 тестирања (вкупно 38.342 од појавата на заразата), позитивни на новиот коронавирус резултирале 225 лица.
Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 9.274 заразени. Како излекувани се водат 5.190 лица, од кои вчера 201.
Официјалната бројка на активни носители на новиот вирус во Косово изнесува 3.815.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци