Нови 128 субјекти за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари преку ЕСМ
„ЕСМ Продажба“ од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, која почна да се спроведува во декември 2022 година.
Како што велат од компанијата, за снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта, 57 фирми од прехранбената индустрија и шест водостопански претпријатија. Со тоа компаниајта сега вкупно снабдува 374 основни и средни училишта, 244 субјекти од прехранбената индустрија и 57 водостопански претпријатија или вкупниот број на субјекти кои ги снабдува „ЕСМ Продажба“ по оваа владина одлука изнесува 675. Потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по цена од 80, а училиштата и водостопанствата по 95 евра за мегават час.
– До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023 година за субјектитÐ µ кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување, порачуваат од „ЕСМ Продажба“.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид