Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Маркетинг
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • Во Албанија невремето предивика големи проблеми

  • Зеленски во Турција: Ќе се разговара за начини за ставање крај на војната во Украина

  • И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“...

    18.11.2025
  • Советот на Европа бара поефикасно собирање...

    18.11.2025
  • Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во...

    19.11.2025
  • Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да...

    19.11.2025
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Пчиња се излеа кај Пелинце и Стрновац, не се зафатени куќи или викендици

  • Перински: Средбите со градоначалниците и советниците ми даваат јасна слика за потребите на општините

  • Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

  • АХВ дел од одбележувањето на Светската недела за свеста за антибиотиците

  • Груевска-Илиевска: Судечкиот совет ќе направи се постапката за „Пулс“ да тече, колку ќе трае процесот никој не знае

  • Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга

  • Во Албанија невремето предивика големи проблеми

  • Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2025 Сител Телевизија